На предлог на Министерството за образование и наука, Владата го прифати Предлог-закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти.
Законот предвидува министерството да врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и во висина од 75 % од исплатените средства но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката, соопшти Владата.
OhridNews