
На иницијатива на ЛК СДММ – Охрид, денеска (недела) во х. „Тино“ во 13:00 часот, ќе биде организирано заедничко потпишување на Декларацијата, на кое се поканети претставници од сите подмладоци, младински клубови и младински ограноци од политичките партии од Охрид, кои ќе земат учество во престојната изборна кампања, информират од СДСМ.
На овој начин, ЛК СДММ – Охрид ја изразува својата целосна подготвеност и посветеност да придонесе за достоинствено, цивилизирано, фер и демократско однесување на младите од Охрид за време на престојната изборна кампања, велат од СДСМ.












