
-Целта на овој настан е преку уметност да се креира нов начин на комуникација и да се намали говорот на омраза во општеството, да се поттикнат младите да научат да го идентификуваат говорот на омраза, информираат организаторите.
Настанот „Уморни од говор на омраза“ е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, финансиран од страна на Европската Унија, кој го водат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД).
Овој проект освен во Струга се реализира и во уште 11 македонски општини и е насочен кон младите луѓе, младинските организации, сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки.
OhridNews












