По повод одбележувањето на денот, „Сеќавање на Ататурк“ и Празникот за млади и спорт, викендов во Охрид беше организирана „Втората Младинска работлница“ со тема „Демократијата и човековите права“.


На работилницата учествуваа малди од повеќе региони, претставници на невладини организации, како и членови на политичките младини на турските партии во земјава.
Целта на работилницата беше проширување на знаењата и развивање на повисок степен на свест за демократските вредности и човековите права кај младите, дебатирање за проблемите на државата и проблемите на младите во демократски рамки.

Учесниците за време на работилницта разменува идеи за социјалниот живот на младите, свеста за демократијата и човековие права, младите низ механизмите за одлучување на државниот апарат, како и демократијата и човековите права.


Претседателот на НВО „Уфук“ Илхан Рахман истакна дека основната цел со оваа работилница е млади да бидат слободни при изразувањето на проблемите со кои се среќаваат, предлозите за решавање на проблемите и слободното изразување на сопственото мислење.

Овој вид на активности и настани ги мотивираат младите и влијаат позитивно на самодовербата кај нив, па планираме да го зголемиме бројот на овој вид на активности.“ – истакна Рахман.

Инаку, работилницата е во организација на НВО „Уфук“, а говорник на темата беше угледниот адвокат од Турција, Озџан Пехливаноглу.

OhridNews