Младите врснички едукатори за трговија со луѓе од Црвен Крст Охрид направија онлајн кампања на платформата Instragram преку интерактивен квиз, загатки, прашања и пренесување точни информации со цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.
На квизот учествуваа над 200 следачи на инстаграм. Најголем дел од информираните следачи се млади луѓе, кои и всушност се најчеста мета на модерното ропство. На нашиот редовен состанок со Клубот на млади во среда во 19:30 ќе биде одржана едукација на младите волонтери од страна на нашите обучени врснички едукатори. Биди информиран=биди побезбеден!, велат младите волонтери од Црвен крст Охрид.

OhridNews












