Со дуелот меѓу младите ѕвездите од Америка и останатите земји од светот започна 65-от „Ол стар“ викенд кој годинава се одржува во Торонто.
Победата им припадна на американските малди ѕвезди со 157-154, а за МВП на средбата беше изран Зак Левин од победничкиот состав кој постигна 30 кошеви.
Во вториот ден на собирот на сите ѕвезди во НБА лигата традиционално ќе се одржат натпреварувањета во тројки, забивања и водењето на топка.
Недела кон понеделник „Ол стар“ викендот ќе се заокружи со спектакуларниот меч меѓу најголемите ѕвезди од Истокот и Западот во НБА лигата.
OhridNews











