Млечните ресторани на АД „Жито Леб“ Охрид на прв ден од празникот Божиќ, среда, ќе работат со скратено работно време од 07 до 13 часот, информираат од компанијата.
Покрај добро познатите производи, по повод Бадник најголемиот производител на леб и печива во продажба пушти празнична погача под преса со сусам и паричка од 500 гр., а традиционално за празникот Василица, Стара нова година, во продажба ќе биде пуштен колбурек со изварок од 500 гр.
OhridNews