Без голови и без победник заврши долго најавуваната пресметка меѓу најтрофејните клубови во Англија, Ливерпул и Манчестер Јунајтед во 8-та рунда од шампионатот.
Англиското „Ел класико“ на Енфилд не оправда ниту половина од очекувањата на светската фудбалска јавност.
„Црвените“ немаа храброст комплетно да го нападнат гостинот од Олд Трафорд кој на мегдан во Ливерпул допатува да не изгуби.
Ливерпул, теренската иницијатива особено во вториот дел ја искористи да се закани, но Давид де Геа беше на место по ударите на Емре Чан и Филипе Коутињо.
После ова реми избраниците на Јирген Клоп заостануваат два бодови од водечките Манчестер Сити и Арсенал на табелата додека „црвените ѓаволи“ со 14 бодови се на 7-та позиција.
OhridNews