Охридските “бели“ попладнево на “Атина Бојаџи“ им подготвуваат уште прволигашко уживање на љубителите на фудбалот во Охрид . “Рибарите“ во рамките од 13-та руднда во првата македонска фудбалска лига  го пречекува Тетекс.

Тензичната недела пропратена со прекини на тренажниот процес  поради неисплатени плати, охриѓани ќе ја заокружат со уште еден исклучителено важен натпревар.  Избраниците на србинот Антиќ имаат низа од шест меча без пораз од кои три победи и три реми, а Тетекс предводени од Сетинов немаат триумф на гостински терен во последните четири рунди.


–    Мечот со Тетекс е многу важен за нас, ме радува формата на фудбалерите, а и атмосферата во соблекувалните е на високо ниво. Очекувам полни трибини, тактиката не ја менувам само ќи ги покријам дупките кои настанаа по суспензијата на двајца фудбалери. Одиме  со сите сили по нов триумф кој ќе на лансира во горниот дел од табелата – истакна србинот Антиќ

Екипата на ФК Охрид во есенскиот дел од првенството доби нов лидер во името на Димоски, офанзивниот фудбалер за врска пет натпревари во низа ги тресе противничките мрежи, популарниот “Кике“ со шест погодоци е на самиот врв на листата на стрелци во лигата.


–    Одлучивме да настапиме на натпреварот  против “штофарите“ и ќе атакуваме на трите бода. Почетокот на неделата ни беше бурен, не трениравме со полна пареа а кај екипата забележителен е  и падот на психички план. Без разлика на се денес  “од петни жели“ ќе изнајдиме сила и со подршката од навивачите заедно ќе се радуваме на голема победа – рече Димоски.

Главен судијата на мечот е неготинчанецот Петар Мантев а помошници ќе му бида Илија Гонев и Горан Димитров. Натпреварот помеѓу ФК Охрид – Тетекс е закажан за 13 часот.

Мх.П.