Министерството за надворешни работи на РМ го осуди палењето на државното знаме на протест во албанскиот град Бурел.

Од МНР реагираат и на навредливите пароли и скандирања за време на протестот пред македонската амбасада во Тирана.

„Инцидентите од овој карактер, проследени со пароли со говор на омраза, не одат во прилог на одличните добрососедски односи меѓу Република Македонија и Република Албанија и градење на довербата меѓу двата народа. Очекуваме албанските власти во духот на добрососедските односи, да ги осудат овие инциденти, да превземат мерки за откривање на сторителите, како и соодветни мерки за спречување на евентуални инциденти од сличен карактер“, се наведува од страна на МНР.

OhridNews