ГРК Охрид ја забележа втората победа сезонава во ракометната Супер лига, совладувајќи го Бутел на гостински терен во Скопје со убедливи 41:32, во натпревар од третото коло.

Охриѓани одиграа ефикасен натпревар и постигнаа дури 41 гол, а најефикасен во победничкиот тим беше Ѓукиќ со 11 погодоци. Иванковиќ постигна шест, Стрмљан пет, додека Јагуриновски, Јошида, Мате, Зечевиќ и Кеита запишаа по три гола.

На голот, Славиќ забележа 10 одбрани, а Блажески две.

Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 5, Ојлески 1, Јагуриновски 3, Јошида 3, Иванковиќ 6, Тасески 1, Савревски, Мате 3, Талески, Зечевиќ 3, Ивановски 2, Ѓукиќ 11, Ќосевски, Кеита 3, Славиќ (10 одбрани), Блажески (2 одбрани).

Во следното, четврто коло, ГРК Охрид се враќа пред својата публика во салата „Билјанини Извори“, каде ќе го пречека РК Прилеп.

OhridNews