Фудбалерот на Ливерпул и членот на египетската репрезентација Мо Салах кој го повреди рамото во финалето од Лигата на Шампиони ќе оди на специјална рехабилитација во Шпанија.
Рамото на Салах настрада после еден дуел со капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос во 30-та минута од финалниот натпревар. Еѓипќанецот продолжи да игра, но болките беа преголеми и повредата фатална и беше заменат.
Лекарскиот тим во англискиот премиерлигаш даде оптимистичка изјава дека Салах ќе се опорави за две недели и ќе биде подготвен за престојниот Мундијал во Русија.
Поддржувачите на Ливерпул и Египет започнаа со иницијатива за казнување на Серхио Рамос од страна ФИФА и УЕФА поради стартот над Салах.
OhridNews