Со цел превенција од рак на грлото на матката во Општина Дебрца ќе започне со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од општината.

Сите жени на територијата на општината кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел. број 046 286 855 во Општина Дебрца или на тел. број 070 315 309 и 046 261 909, во Општинската организација на Црвен крст Охрид за закажување на термин. Пријавувањето да се изврши најдоцна до 25 мај, велат од Општина Охрид.

Додаваат дека мобилната амбуланта започнува со работа на крајот на месец мај, а пријавените дополнително ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите.

Прегледите ќе се извршуваат на две локации во општината и тоа во с. Белчишта и с. Требеништа.

OhridNews