Охридско лето ги промовира новитетите во делот на техничките достигнувања. Кодвел и годинава останува верен пријател на Фестивалот,  а  коосновачот на компанијата, Нино Карас ја најавува мобилната апликација за потребите на Охридско лето која ќе работи на три платформи: Android, iOS и BlackBerry.


-Истата претставува комплетен дигитален водич за корисниците кои ќе бидат постојано инфомирани за сите новитети поврзани со фестивалот и програмата, а исто така апликацијата ќе нуди можност за социјална интеграција со Facebook, Twitter и Youtube, истакна Карас.

Според маркетинг менаџерот на Охридско лето Илија Куртески, оваа апликација ќе биде лесна за користење и обезбедува одлично искуство преку динамичко информирање на корисниците.

– Она што ја прави оваа апликација уште поинтересна за користење се нејзините карактеристики и можноста најлојаните корисници да бидат наградувани со специјални промоции и попусти за фестивалот, рече Куртески.

Во делот на новитети, од Охридско лето ја промовираа и редизајнираната веб страна и новиот насловен дизајн на Фестивалот кој и годинава е во знакот на современиот минималистички дизајн.

Фестивалот и официјално ја објави комплетната уметничка програма на 53-то издание зедно со цените на влезните билети  со што фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните уметници и реномирани театарски куќи.

OhridNews