Центар за јавно здравје Охрид активира мобилни екипи подготвени за посета во домовите на ранливите категории граѓани во Охрид кои имаат потреба од микробиолошки анализи.
Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, мобилните екипи ќе ги посетат во домот за потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа, велат од ЦЈЗ.
Информираат дека граѓаните треба да поседуваат само уредно издаден упат од матичен лекар и да се јават на еден од телефонските броеви 046 231-030 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч., каде ќе дадат податоци за адресата на живеење и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар.
OhridNews