Фондот за здравствено осигурување на Македонија активира мобилна екипа на контролори по поплаки на пациентите дека дел од здравствените установи не прифаќале резултати од радиодијагностика во дигитална форма, пренесува „Макфакс“.

Дополнително, контролорите на терен ќе го проверуваат и почитувањето на новиот начин на упатување, кој според нивните сознанија сеуште не се почитува во дел од јавните здравствени установи.

Од ФЗОМ велат дека здравствените установи до 15-ти февруари треба да преминат кон дигитализација на резултатите од радиодијагностиката за оние медицински апарати кои тоа го овозможуваат. Тоа значи комплетно издавање на резултатите на ЦД, а по потреба и издавање на резултатите на филм.

Мобилните контролни екипи се активираат по поплаките од пациенти дека ваквата обврска не се почитува, особено на Универзитетските клиники, каде не биле прифаќани дигиталните резултати.

Вакви и слични неправилности, граѓаните можат да пријават на телефонските броеви 0800 33222, 02 3289 011 и 02 3289 005.

OhridNews
извор: „Макфакс“