Мулти-функционалниот стадион во Охрид за кратко време ќе добие модерна трибина на источната страна, со капацитет од околу 1 000 гледачи. Трибината која започна да се гради ова време минатата година е во завршна фаза. Следуваат уредување на внатрешните простории и на просторот околу трибината.

Финалната фаза од изградбата ја најави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која успешно заедно со Општините Охрид и Чаир аплицирше за средства во УЕФА.

Во централниот дел од трибината предвидени се вип седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки. Еден дел од трибината ќе биде покриен, а согласно проектот предвидени се, просторија за вработени со санитарии, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола со санитарии, простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории и комуникации.

OhridNews