Фудбалерот за врска во хрватска репрезентација, Лука Модриќ беше заменет во 25-та минута на мечот Италија – Хрватска откако се здоби со повреда на колкот.
Тој се струполи на „Сан Сиро“ и немоќен лежеше на тревата додека не дојдоа докторите. Модриќ беше веднаш заменет и испратен на дополнителни прегледи.
Повредата не е сериозна, но сепак од теренот ќе го оддалечи од три до пет недели што ќе преставува хендикеп за „кралевите“.
Мх.П.