Дресот со бројот 10 на грбот во Реал Мадрид во името на Лука Модриќ има нов сопственик. Хрватот, еден од легандарните броеви во фудбалот го презема од Хамес Родригез, кој премина во Баерн Минхен.

По трансферот од Тотенхем во Реал Мадрид малиот хрватски магионичар стана незаменлива алка во тимот на Зинедин Зидан, а и неговите претходници.

Модриќ до почетокот на новата сезона го носеше дресот со бројот 19, но добрите игри и придонесот во успесите на „кралскиот“ клуб ги натераа челниците да му ја доделат бројката која означува(ше) квалитет во фудбалот.

Дани Себаљос ќе го носи дресот со број 24 на грбот, кој во Реал Мадрид се пресели од Бетис.

OhridNews