Хрватскиот репрезентивец Лука Модриќ ќе се врати на терените на средината во првиот месец од новата година.


Тој се повреди на квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Хрватска, а прогнозите беа дека ќе паузира четири месеци или до март.

– Не сакам да брзаме со прогнози, но неговата фитнес слика е одлична. Модриќ со тренинзи ќе почне за две три недели, а на терените би можел да се врати на средината од месец јануари – рече Карло Анчелоти.

Фудбалерот за врска пред повредата беше еден од најдобрите играчи во составот на Реал Мадрид, но и без него „кралевите“ бележат неверојатни резултати.

Мх.П.