Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс е пред преземање на кормилото на шпанскиот тим Реал Сосиедад.


Шпанските медиуми веќе најавија дека Мојс ги договорил личните услови и оти ќе потпише две годишен договор вреден осум милиони евра.

Мојс е без тренерски ангажман откако имаше неуспешна авантура во Манчестер Јунајтед.

Тој го наследи Сер Алекс Фергусон, но не ги оправда очекувањата и заработи отказ пред завршување на сезоната.

Мх.П.