Дејвид Мојс ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед од следната година. Шкотланѓанецот ќе дојде на местото од неговиот сонародник Сер Алекс Фергусон, кој се повлече по 26 години минати на клупата од Јунајтед.


50-годишниот менаџер на престолот од Јунајтед ќе има исклучително тешка задача не само да го наследи Фергусон, него и да го продолжи победничкиот менталитет на екипата, која од постоењето на Премиер лигата е најтрофејна со 13 титули.

Менаџерот на “карамелите“ тимот го напушта по 11 години, а после Фергусон и Арсен Венгер, Мојс е со најдолг стаж во Премиер лигата.

Официјално деби на клупата од шампионот во Англија, Мојс ќе има на 11 август во Супер купот кога ќе се сретне со победникот од ФА Купот, меѓу Манчестер Сити и Виган.

Мх.П.