Сер Алекс Фергусон по 26 години на клупата од Манчестер Јунајтед по завршување на сезоната ќе се повлече. Тој ќе ја преземе директорската функција и амбасадор на тимот.

За негов наследник се шпекулираат неколку тренерски имиња. Најсериозен кандидат е менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, кој пред неколку години го посочи Фергусон како негова замена.

Меѓу тренерите кои се поврзуваат со Јунајтед, се Жозе Мурињо, Јирген Клоп и поранешниот фудбалер на “ѓаволите“, Оле Гунар Солскајер.

Некои од англиските медиуми го промовираше Дејвид Мојс за нов тренер, но сеуште од клубот не се изјаснаа за точност на оваа информација.

Мх.П.