Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс нема по добро да го памети првиот натпревар со тимот во нокаут фазата од Лигата на Шампиони. Неговите избраници не само што претрпеа пораз 2-0 од Олимпијакос туку не личеа на себе и се на работ од елиминација.


– Ние не бевме доволно добри да направиме шанса за погодок. Тие покажаа дека домашниот терен е нивна најјака страна. Ветувам дека во вториот меч на „Олд Трафорд“ ќе одиграме далеку подобро од првиот – рече Мојс.

Покрај поразот од 2-0 шкотскиот стратег сеуште верува дека „црвените ѓаволи“ можат да се пласираат понатаму и колку толку да ја спасат сезоната за заборав.

– Екипата има победнички менталитет, но на мечот со Олимпијакос не го покажа тоа. Играчите од поразот се повредени, но на „Олд Трафорд“ биле сведоци на многу неверојатни натпревари, зошто да не бидат во реваншот против Олимпијакос – заврши Мојс.

Мх.П.