Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс се врати во Премиер лигата преземајќи го кормилото на Сандерленд.


53-годишниот стручњак на клупата од Сандерленд ќе го замени Сем Алардајс кој пак ја презеде палката во англиската селекција.

Мојс со „црните мачки“ потпиша четиригодишен договор, а целта за сезоната која доаѓа е опстанок во најдоброто англиски друштво.


Шкотскиот стручњак во Англија и светот воопшто остана запаметен како крајно неуспешен потег на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ го назначија Мојс за замена за Сер Алекс Фергусон, но не успеа да ја доврши сезоната откако клубот ја имаше најслабата сезона во поновата историја.

OhridNews