Дејвид Мојс со Сандерленд има поголеми планови и амбиции од опстанок во Премиер лигата, а за тоа ќе купува фудбалери од Манчестер Јунајтед.


Поранешниот предводник на „црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд сака да ги доведе белгиските репрезентативци Аднан Јанузај и Маруане Фелаини.

Трансферот на Јанузај е реален, бидејќи Белгиецот не е во плановите на Жозе Мурињо, а во сениорскиот состав во Јунајтед го лансираше токму Мојс.

Фелаини, со погодок во триумфот над Галатасарај 5-2 ја започна сезоната во Манчестер Јунајтед откако подоцна им се приклучи на соиграчите.

Мурињо неодамна изјави дека сака играчи од типот на Фелаини и тешко изводливо е дека Мојс ќе го доведе белгискиот репрезентативец кој го афирмираше во добар играч во Евертон.

OhridNews