Ракометарот на Металург, Наум Мојсоски со 40 постигнати гола се искачи на врвот на листата на најдобрите стрелци по петте одиграни кола во Лигата на шампионите.

На мечот од петтата рунда, против романската Констанца тој постигна осум гола.

На третото место на оваа листа е капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров кој 35 пати погоди во дресот на Атлетико Мадрид.

Ohridnews