Наумче Мојсовски беше прогласен за најдобар играч на 40 издание на ракометниот турнир во Струга. Уште еден стружанец се најде во листата најдобар, и тоа најдобриот стрелец Никола Костески со 23 постигнати гола.


– Мислам дека позначаен трофеј немам освоено во мојата кариера. Пред својата публика на својот терен чувството е прекрасно. Турнирот беше навистина квалитетени, а што се однесува до наградата најдобар играч сум пресреќен. Имавме многу осцилации во играта и некако главите не ни работеа како што треба. Младиот голман кој беше замена за Диви, Митрески одбрани феноменално – Мојсоски.


Признанието најдобар голман замина во рацете на  Димитрие Пејановиќ од Динамо Минск.

– Задоволен сум од турнирот кој за нас помина успешно. Играњето против Металург беше непроценливо тим кој е рамо до рамо со останатите тимови во ЛШ. Турнирот е одличен и ако наредната година не поканат ние како клуб ќе прифатиме да играме – потенцираше Пејановиќ.

Металург го освои турнирот откако во финалето со 26-23 го совлада Динамо Минск.

фото Емилио
М.П.