Најмногу се радував на победата над домаќинот Србија – рече Наум Мојсоски на денешниот пречек на ракометарите на градскиот плоштад во Скопје.
Мојсоски истакна дека бил убеден дека оваа генерација ракометари е кадарна да направи вистински успех. Не заборави да се заблагодари на френетичната публика кој беше наш осми играч.
Јас верував уште од почетокот. Публиката е нешто феноменално. Секаде зборуваа за нив, рече извонредниот Наумче Мојсовски.