Плејмејкерот на македонската ракометна репрезентација, Наумче Мојсовски е неизвесен за настап викендов во Гетеборг, на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Лондон, пишува веб порталот мкд.мк.

Мојсовски кој ја обновил повредата на коленото не играше на вториот контролен меч со Романија, попладнево во салата „Кале“, а мечот го следеше од трибините.

„Чуствувам болка на левото колено, истото на кое добив удар на ЕП во Србија. Тогаш ми се појави мал хематом, но болката беше поднослива. Сега се појави повторно, но во поголема мерка. Денеска ќе одам на снимање со магнетна резонанца за да знам од каков карактер е повредата“, вели Мојсовски.

Ohridnews