Македонската ракометна репрезентација влегува во завршните подготовки за Европското првенство во Србија што ќе се одржи од 15 до 29 јануари . “Црвено жолтите“ во групата за противници ги имаат Шведска, Германија и Чешка што дава голема надеж за позитивен резулатат на избраниците на Звонко Шундовски.


Европскиот собир ракометарите го отвараат со дуелот против Шведска на 15 јануар. “Викинзите“ пред ЕП се соочуваат со големи проблеми околу “крпењето“ на составот, им недостасуваат Ким егдал ду Риц, Патрик Фалгрен а под знак прашалник е доведен настапот на “плејмејкерот“ Далибор Донер.


Ќе направиме се да го добиеме дуелот со Шведска, секогаш почнуваме бавно па подоцна фаќаме ритам. Сега нема шанса за поправен, се играат три натпревари а секој за нас е од големо значање. На мечот со Шведска не треба да влеземе во нивната “шема“ и да се натрчуваме, тоа ќе биде фатално за нас.  Во нападот ќе бараме повеќе решенија да не оставаме се на Лазаров, тука јас и Миркуловски да го понесе товарот и да оствариме резултат за паметење – истакна организаторот на игра во македонскиот состав Наум Мојсоски.


Ракометарот на Металург, Мојсоски кој оваа сезона брилира во Лигата на Шампионите влече повреда на  грбот, има секојдневни терапии кои треба да ја остранат болката и да биде “фит“ за Еврото.


Повредата не е нова, веќе две недели одам на терапија за да ја доведам ситуацијата во ред – потенцираше Мојсоски и додаде, очекувам Ниш каде што ќе настапува македонската репрезентација да биде обоен во “црвено-жолто“, нашите противници да имаат чувство дека играат со домаќинот на Европското првенство.


Македонскиот селектор Шундовски пред ЕП има само еден проблем а тоа е трката со времето на “пикерот“ Димоски кој сеуште не е влезен во тренажен процес.

Мх.П.