Дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација, Даниел Мојсов, кариерата ќе ја продолжи во Левски, пренесуваат бугарските медиуми.

Според истите извори, трансферот и личните барања на фудбалерот веќе биле договорени, останува само Мојсов, по Нова година, да допатува во Софија и да го потпише договорот.

Македонскиот репрезентативец, со Левски треба да потпише двегодишен договор според кој, месечно ќе заработува 15.000 евра.

Мојсов, пред речиси шест месеци беше отстранет од тимот на Војводина, откако не се согласи да потпише нов договор, тој во Левски ќе пристигне како слободен играч.

Инаку за услугите на дефанзивецот интерес покажуваа најпопуларните српски клубови Црвена ѕвезда и Партизан, како и најтрофејниот македонски клуб Вардар.

“Макфакс“