Дефанзивцеот Даниел Мојсов по одличните настапи во српскиот лигаш Војводина се најде на мета на неколку европски тимови, додека најзагреан е хрватскиот правак Динамо Загреб.


– Презадоволен сум од настапите во Војдовина. Покрај понудата на Динамо Загреб во клубот се пристигнати уште неколку понуди кои до прва ќе бидат разгледани, јас имам договор со Војводина и во секој случај тие се првите што се прашуваат. Доколку стигне некоја добра би ги сменал клупските бои, а би сакал да заиграм во Англија – вели Мојсов кој од втор план очекува шанса да заигра на мечот со Ирска.

М.П.