Плејмејкерот на македонската ракометна репрезентација Наумче Мојсоски ќе патува за Гетеборг, но за разлика од него предолимпискиот турнир ќе го пропушти Владимир Темелков.

Темелков се здоби со повреда на коленото, а по медицинските прегледи, констатирано е дека има скинати лигаменти, поради што ќе отсуствува од најважниот турнир во историјата на ракометната репрезентација.

По повредата на Темелков селекторот Шундовски ќе го повика Гоце Георгиевски од Металург.

Ohridnews