Меѓународниот олимписки комитите (МОК) одлучи да ја суспендира Русија од престојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) кои ќе се одржаат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

МОК одлуката за суспендирање ја донесе поради систематскиот допинг кој го примале руските спортисти пред Зимските олимписки игри во Сочи.

Покрај спортистите забрана за настап имаат сите спортски работници и стручњаци, а Министерот за спорт, Виталиј Мутко доби доживотна суспензија од МОК. Русија ќе плати и финансиска оштета од 15 милиони долари за нарушување на спортскиот кодекс

Руските спортисти кои не биле изложени на колективен допинг со доказ и под друго знаме ќе имаат можност да ја почуствуваат магијата на олимписките кругови.

OhridNews