Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе ја поддржи машката ракометна репрезентација во подготовките за Европско ракометно првенство, Србија 2012, на кое може да избори пласман на Летните олимписки игри Лондон 2012.


За таа цел МОК потпиша договор со Ракометната федерација на Македонија, со кој МОК во целост финансиски го покри патувањето на  нашите најдобри ракометари во Норвешка каде што тие ќе учествуваат на силниот ракометен турнир кој треба да им помогне да ја достигнат посакуваната форма пред Европското првенство во Србија.

Меѓудругото МОК се обврза и  да отвори и развие младински ракометни школи низ Македонија со што ќе се даде целосен придонес кон развојот на ракометот и по Олимписките игри во Лондон 2012.

„Веруваме дека со нашата напорна и квалитетна работа, но и со ваша поддршка, нашите спортисти ќе се здобијат со уште подобри услови за работа, кои ќе придонесат за многу подобри спортски резултати, за што сите ние сме ви искрено благодарни“, се вели во соопштението на МОК.

Договорот го потпишаа претседателите на МОК и РФМ, Васил Тупурковски и Михајло Михајловски.

“Макфакс“
Ohridnews