
МОК одлуката за суспензија ја препушти на одделните спортски сојузи.
Меѓународната атлетска федерација порано ги суспендираше руските атлетичари од сите свои натпреварувања, вклучително и од Олимписките игри.
Русија се жалеше до Судот за спортска арбитража, но таа жалба беше одбиена.
Вкупно 68 атлетичари поднеле поединечни молби, но прифатена е само една, на атлетичарката во скок во далечина Дарија Клишина, која во последните три години тренира во САД.
OhridNews









