Реал Мадрид на крилата од Кристијано Роналдо кој ги постигна трите голови во победата (3-0) против Атлетико Мадрид зачекори кон финалето во Лигата на Шампиони кое годинава ќе се одигра на „Милениум“ стадионот во Кардиф.


Човекот на одлука на „Сантијаго Бернабеу“ после натпреварот ги замоли навивачите на Реал Мадрид повеќе да ги почитуваат играчите и да не ги свират кога не им оди најдобро.

– Сакам да ги замолам да не ми свират мене и на екипата, бидејќи секој од нас дава максимум кога е на теренот. Тоа секогаш ќе биде така и никогаш нема да се промени. – изјави Роналдо.

Со трите голови Португалецот стигнаа до 400 во дресот на Реал Мадрид. – Многу сум среќен за моите погодоци и поради фактот дека стигнав до бројката од 400 голови за „кралскиот“ клуб. Што се однесува до победата мора да им се честита и на фудбалерите, не само мене, бидејќи ги исполнија сите тактички замисли на тренерот. Имаме голема предност, но се уште не се гледам во финалето иако сме на добар пат.


Роналдо во двомечот со Баерн Минхен вкупно постигна пет голови, а со Атлетико Мадрид три на првиот натпревар со кои стигна до 103 голови во ЛШ.

ЛШ: Роналдо човек на одлука на „Сантијаго Бернабеу“, а можеби и во полуфиналето (видео)

OhridNews