Англискиот репрезентативец и член на Арсенал, Дени Велбек нема по добро да го памети мечот со Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, откако се здоби со потешка повреда на ногата. Еден од фудбалерите на Спортинг при доскокот падна на неговиот зглоб кој веројатно претрпе фрактура.

Велбек на носилки беше изнесен од стадионот и спроведен во најблиската болница за детални прегледи. Неговата повреда го занеме „Емирати“ кој често пати бил сведок на жестоки дуели, но не и вакви страотни повреди.

OhridNews