Раководителот на Капетанијата на пристаништата во Охрид, Љупчо Настоски два дена по потонувањето на бродот „Илинден“ е недостапен за македонските медиуми. Влезната врата на Капетанијата е затворена, а вработените не даваат никакви информации.
Капетанијата не чувствува одговорност да ја информира јавноста за деталите од трагедијата која е последна во серијата несреќи што ова лето се случија на Охридското Езеро. Така беше и вчера пред и после состанокот на мешовитата меѓународна комисија за истрага на бродската несреќа што се одржа во Капетанијата.
Поради молкот на Капетанијата деновиве на јавноста и се сервираа бројни шпекулации околу бројот на патниците кои биле на кобното патување и капацитетот на бродот „Илинден“, па така и ресорниот министeр во првата изјава по несреќата изјави дека пловилото било регистрирано за 53 лица, а тоа има капацитет за 43 патници.
Бројни шпекулации имаше и околу неодамнешната несреќа кога во судир на два глисери во Охридското Езеро животот го загуби едно лице. Поради недостаток на релевантни информации и молк од Капетанијата во јавноста проструија голем број неточни информации кои одат на штета на истрагата и на инволвираните во несреќите, но и на имиџот на Охрид, кој по серијата трагични настани во езерото ова лето, е крајно нарушен.
Хотелот „Виторе“ во населбата Далјан во Охрид се солидаризира со погодените од поплавите во регионот и ги отвора вратите за сите на кои им е потребна помош Доколку сте во ваква ситуација или познав...
Водостојот на реките во Охридско значително е зголемен по обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава изминатото деноноќие За еден ден нивото на реката Сатеска пораснало за 70 сантиметри и дене...
Обилните врнежи од дожд покрај проблемите со поплавите и излевање на реките предизвикуваат проблеми и со одрони на патиштата Попладнево одрон е заблежан на патот во близина на хотел Гранит На возач...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.