На 14.10.2017 година во 03,10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат сторител(и) фрлил две запалени шишиња со непозната течност, од што е причинета незначителна материјална штета.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
OhridNews












