24-годишно момче од од охридското село Долно Лакочереч било прободено со нож во инцидентот што синоќа околу 21.30 часот се случил на ул. „Ѓорче Петров“ во Охрид.
Како што информираат од полицијата, момчето без повод и причина физички било нападнато од 21-годишен охриѓанец со удари
со тупаници по телото, а со нож му била нанесена убодна рана во
пределот на стомакот. Повредениот бил пренесен во општата болница, а напаѓачот е приведен. Против него по завршување на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава соопшти полицијата.











