Момче се здобило со прострелна рана во оружениот инцидент што доцна попладнево се случил во центарот на Струга кај комплексот угостителски објекти.
Повредениот, по укажаната лекарска помош во Струга, бил упатен на скопските клиники.
На местото на настанот веднаш излегла увидна екипа. Полицијата работи на расветлување на инцидентот. Засега нема повеќе детали за причините и мотивите кои довеле до немилиот настан.