Победите на охридските спортски клубови викендов отворено го поставуваат прашањето, дали е тоа моментален блесок или има иднина охридскиот спорт.


Серијата победи ја отворија фудбалерите кои се издгинаа над сите проблеми кои ги опкружуваат го совладаа Тетекс со 1-0 и се позиционираа на четвртото место на прволигашката табела.

По три години пауза во Охрид се одигра натпревар во машка кошарка. Тимот на Колибри кој се натпреварува во третата лига, и е составен исклучително од охридски кошаркари славеше над кичевскиот лигаш со 61-46.


Победничкиот викенд го заоокружија ракометарите кои ја забележаа првата гостинска победа, четврта сезонава и тоа над Струмица со 25-24.

Викендов немаше среќа второлигашот Охрид Лоте кој претпре пораз во Кичево со 2-0, како и женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“ кој немаше сила да му се спористави на актуелниот првак Наше Такси и беше убедливо поразен со 6-0.

Но она што сите охридските спортисти го потенцираат е тоа дека играат за градот, но дали градот им враќа за над херојските подвизи кои тие ги прават. Локалната самоуправа ги помага клубовите колку да преживеат,
обезбедувајќи им ги неопходните услови за функционирање , бесплатно користење на терени за тренинзи и одигрување на натпревари, како и обезбедување на превоз за одигрување на
гостинските натпревари.

Но таквата помош е далеку од доволна за тимовите да се вивнат во врвот на македонскиот спорт. Со ретки исклучоци изостанува интересот кај бизнис заедницата која и тоа како треба да застане зад вистинските промотори на овај град.

Мечевите на клубовите се солидно посетени и атмосферата на трибините е одлична, но изостанува вистинската финасиска подршка за спортистите. Да не се залажуваме без солидна финасиска конструкција досега стореното и постигнатите резултати брзо ќе се заборават, а успехот лесно ќе се сруши како кула од карти.

Мирко Постоловски