Битолчанецот Игор Момироски се приклучи во тимот на Охрид Лоте и според најавите можно е да конкурира за место во тимот на гостувањето викендов кај Еуромилк во Скопје.


Момирски беше дел од неколкуте засилувања кои дојдоа на стартот од шампионатот но поради повреда не беше дел од екипата. По санирањето на повредата ги одигра последните половина час на пријателската средба на “градежниците“ против младинската аматерска селекција на нашите иселелници од Австралија која ја заврши со триумф на домаќинот од 3-1.

Мечот со Еуромилк ке го пропушти стандардниот Митко Стојаноски , кој ќе паузира поради три жолти кратони. Стојаноски кој е стандардните играчи во формацијата на Трифуноски во шест одиграни натпревари има постигнато два гола.

М.П.