Министерството за образование и наука (МОН) на 20.3.2025 година се обрати до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти.

Недостигот на било кој документ, подразбира неодложно постапување и зајакнување на сигурноста на учениците за време на престојот во училишните објекти. Обврската се однесува и на училиштата под надлежност на државата, односно основните училишта со ресурсни центри и државните училишта за образование и рехабилитација. Дадена е и насока за редовна проверка на функционалноста на опремата за справување со кризни ситуации и непогоди, како ПП апарати и хидранти.
Министерството за образование и наука напоменува дека од денес, во рамки на своите надлежности и Државниот просветен инспекторат ќе проверува дали училишните објекти се осигурени.
OhridNews











