Првата база ќе се води на веб-порталот наука.мон.гов.мк, а втората на порталот plagijati.mon.gov.mk Тие ќе содржат податоци за авторот на трудот, установата на која е запишан и за темата на трудот.
Како што информира министерот за образование Кралев, целта е да се обезбеди јавност во научната работа на научните и стручните кадри, како и квалитетни и научно докажани изворни докторски и магистерски трудови. Се обезбедува и широка достапност на научните области во кои се истражува во Република Македонија, споредливост на научно-истражувачката работа на меѓународно ниво. Овие бази ќе придонесат и за планирање на развој на научните области и нивно насочување за општиот стопански и демократски развој, како и развој на етичноста во научното истражување.