Министерот, сепак изрази загриженост поради податокот дека сé уште мал број кандидати го одбираат предметот математика – основно ниво, како и предметот математика – напредно ниво.
„Имено, постигнувањата за македонски јазик и литература се повторно високи со просечна оценка 3,44, во споредба со минатата кога просечната оценка беше 3,32. Подобрување во однос на минатата година е забележано и кај учениците кои полагаа албански јазик и литература. Просечната оценка изнесува 3,33, за разлика од 2012 годиниа кога изнесуваше 2,97″, рече министерот Ристовски.
Министерот истакна дека и годинава, како и предходните, биле забележани обиди за препишување кои веднаш биле санкционирани со одземање на тестот, а на учениците кои биле фатени додека препишувале нема да им биде дозволено да поднесат приговори.
Од Минитсерството за образование и наука нформираат дека кандидатите кои не положиле во јунскиот испитен рок и не се чувствуваат доволно подготвени да одговорат на предизвикот државна матура, им се препорачува да се пријават за полагање на училишна матура или завршен испит.
Олеснување ќе има за кандидатите кои положиле мајчин јазик како екстерен испит, еден интерен предмет и проектна задача, бидејќи по нивна желба, можат веднаш да добијат диплома за положена училишна матура или завршен испит.