Министерката за образование, Рената Дескоска, ќе го потпише решението за повлекување  учебник за четврто одделение по предметот општество, за кој народниот правобранител утврди дека постои дискриминација врз основа на брачен и семеен статус и религија во областа на образованието.

Во учебникот се бара од учениците да залепат фотографија од свадбата на родителите или да ги нацртаат, и притоа да одговорат кога нивните родители стапиле во брак и на која возраст, колку години се во брак и оставено е на учениците да заокружат дали родителите се венчале во матично (Општина), црква или друго.

Иницијативата до Омбудсманот беше поднесена од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, кои содржината на учебникот ја оценија како дискриминаторска и вознемирувачка за цели групи родители и деца кои не живеат во конвенционални брачни односи и семејства.

OhridNews
Макфакс