Министерството за образование и наука им препорача на локалните самоуправи да го одредат режимот на настава според временските услови. Ваквиот став МОН го темели на најавите на УХМР, дека од понеделник ќе има повторно многу ниски температури.
Поради лошите временски услови настава не се оджува во училишта во десетина општини, меѓу кои и во Струга.
Од МОН информираат дека општините во кои воспитно-образовниот процес воопшто нема да функционира, мора да ги надоместат часовите кога ќе се подобрат временските услови.












